Ти бебе мое си доказ дека чуда се случуваат секој ден!
Со години те замислував. Те сонував во моите соништа. Се прашував на кого ли ќе личиш, како ли ќе изгледаше?
Дали ќе имаш очи како моите, или пак ќе ги наследиш крупните бадемести очи на татко ти.
Каква коса ќе имаш? Каков ли ќе биде твојот мирис? Каква ќе биде топлината на твојата прегратка? Какво ли ќе биде чувството да те држам, дојам, да те сакам?
И дојде тој миг.
Двете како жар црвени цртки ми го навестија твоето присуство. Но јас знаев многу порано дека си тука. Едноставно го чувствував твоето присуство. Jас бев поинаква. Јас станував мајка!
И на среќата и немаше крај. Сите мои фантазии, сѐ она за што со години сонував сега беше во мене. Моето бебенце со очи како бадем, со мека мирислива косичка и беззаба насмевка стануваше реалност.
Од ден во ден црпејќи ги своите хранливи состојки од мене, безбедно во мојата утроба растеше во преслатко бебенце.
Во Мене Се Разбудија Чувства За Кои Не Ни Бев Свесна Дека Постојат

Љубовта Кон Своето Чедо Е Исконска И Света
Но го знаеш, во тебе е... Го чувствуваш секој негов трепет, секое протегнување, го храниш од својата крв, го создаваш од себе. Зар е можно нешто повеќе во животот да познаваш од своето бебе? Па ние сме две души во едно тело. Две срца чукаат во едно сплотени и создаваат магија. А таа магија си ти бебе мое.
Желбата што стана реалност!
Оствареното чудо што сега го гушкам во прегратка додека ти задоволно спиеш заштитено од сето зло како што беше во мојата утроба. Го чувствуваш мојот мирис, го слушаш биењето на моето срце и тоа е се што ти е потребно за спокој. Животот е чудо зар не? Креирањето живот е магично. А миговите поминати во прегратка со своите сакани непроценливи моменти од животот.