Политика за приватност
Оваа Политика за приватност го утврдува начинот на кој Muppet Kids ги собира, користи, и обработува податоците од корисниците при посета на интернет страницата www.muppetkids.com и/или користење на услугата за веб продажба на Muppet Kids. Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.
При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при Вашата регистрација на интернет страницата и/или користење на услугата за on-line купување. Доколку преземате било кои од овие дејствија се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате.
Интернет страницата Muppet Kids ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
- вашето име и презиме
- адреса
- телефонски број
- адреса на е-пошта
При користење на услугата Контакт во Информации, Muppet Kids ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
- вашето име и презиме
- адреса на е-пошта
При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), Muppet Kids ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
- адреса на е-пошта
Податоците при Вашата регистрација на интернет страницата и при користење на услугата за on-line купување се собираат директно од Вас или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).
Веб страната www.muppetkids.com користи алатка „Колачиња“ (cookies) која врши собирање на следните податоци: името на пребарувачот, типот на компјутерот, како и информации за конекцијата што ја користите при посетата на интернет страната (оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP адреси). Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Ваша согласност и прифаќање на нашата алатка за „Колачиња“. Користењето на колачиња служи за да
- Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време при внесување на податоци на страната
- За техничко функционирање на веб страницата;
- За собирање на збирни и анонимни статистички податоци
Muppet Kids ги собира и обработува Вашите лични податоци за следните цели:
- Реализација на on-line нарачките ( навремена и точна испорака на саканите производи, известување за статусот на нарачката)
- За подобрување на квалитетот на нашите услуги и производи
- За контакт по пат на електронска пошта
Вашите лични податоци се употребуваат исклучиво за целта за која се собрани од страна на лица вработени од Контролорот согласно Законот за заштита на личните податоци. Обработката на овие податоци Muppet Kids ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Личните податоци при Ваша регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил може да бидат избришани со повлекување на Вашата согласност, т.е во моментот на бришење на Вашиот профил или доколку побарате може ние да го направиме тоа за Вас.
Muppet Kids има законска обврска да ги чува сите документи и записи со Вашите лични податоци кои се однесуваат на реализирани продажби и плаќања при чување на сметководствена документација согласно Законот за архивско работење.
Личните податоци при користење на услугата Контакт, Muppet Kids ги чува се до повлекување на Вашата согласност, освен доколку истите се дадени заради реализација на Ваши права во врска со купен производ, во кој случај ги чува податоците во рок од 1 (една) година.
При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), Muppet Kids и чува Вашите лични податоци, се до повлекување на Вашата согласност.
Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви испраќаме директни маркетинг соопштенија за нашите производи преку електронска пошта.
Директниот маркетинг се врши само доколку дадете Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за оваа цел. Доколку ја одберете опцијата „ Сакам да добивам новости на мојата е-маил адреса“ при регистрација на интернет страницата ќе добивате известувања и промоции од наша страна. Одбирањето на оваа опција не претставува услов за да се регистрирате како нов корисник.
Исто така, Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија. Тоа ќе го направите со кликнување на линкот во електронската порака “ За да се одјавите од овој newsletter, Ве молиме кликнете тука“.
Или може да не контактирате на следната е-маил адреса:
Во согласност со Законот за лични податоци, Вие ги имате следните права:
- Да се информирате од Muppet Kids околу начинот на обработка на личните податоци ( и дали истите се користат согласно целта за која се дадени)
- Да побарате од Muppet Kids да ги дополни, измени и/или ажурира Вашите податоци, ако тие се нецелосни, неточни или неажурирани,со поднесување на барање, а Muppet Kids да постапи по истото во рок од 15 дена.
- Да побарате од Muppet Kids да ја ограничи обработката на личните податоци означувајќи кои лични податоци ќе се чуваат
- Да побарате од Muppet Kids да ги избрише Вашите лични податоци, при што Muppet Kids треба да го исполни Вашето барање во рок од 30 дена, согласно Законот за заштита на личните податоци.
- Да поднесете барање со кое ќе ја повлечете согласноста дадена за цели за обработка на личните податоци.
- Да поднесете приговор до Muppet Kids за начинот на обработката на Вашите лични податоци
- Да се одјавите/откажете од обработка на Вашите лични податоци за цели за директен маркетинг.
За остварување на овие права, може да не контактирате на:
Назив и адреса на контролорот: Muppet Kids ул. Довлеџик бр.97, 7000 Битола, Република Северна Македонија
Е-маил адреса: kontakt@muppetkids.com
Контакт телефон: +389 72 217 775
Или може да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци:
Име и презиме: Јана Кочински
Контакт телефон: +389 75 939 732
Е-маил адреса: janatrajkovskamk@gmail.com
Доколку имате приговор на начинот на обработка на Вашите податоци, имате право да се обратите и до:
Агенција за заштита на личните податоци, бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, Скопје https://www.dzlp.mk/
info@privacy.mk
Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци. Освен тоа, кога за потребите на испорака на нарачаните производи до купувачите ќе бидат ангажирани овластени субјекти за вршење на поштенски услуги, истите како обработувачи се обврзуваат да обезбедат заштита на личните податоци кои е потребно да бидат обработувани во процесот на давање на нивните услуги.
Веб страницата www.muppetkids.com не е наменета за лица под 14 години. Muppet Kids нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 14 години. Во случај лице под 14 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, треба веднаш да бидеме известени преку контактот наведен подолу.
Muppet Kids не врши пренос на лични податоци во трети држави.
Оваа Политика на приватност може да биде изменета од страна на Контролорот во било кое време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на интернет страницата, како и датумот на ажурирањето. Измените влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Со користење на нашата страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
- Датум на објава на Политика на приватност
04.01.2021 година