Враќање и замена на производ

  • Секој производ купен од нашата веб страна Muppetkids.com може да биде заменет во рок од 7 денови од денот на приемот на пратката.
  • Производот кој се враќа мора да биде во истата состојба како кога го примивте, односно во неговото оригинално пакување, не користен или носен, со оригинални етикети. Во спротивно истиот нема да може да се врати.
  • Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка
  • За да замените производ Ве молиме претходно контактирајте нѐ на kontakt@muppetkids.com или на телефонските броеви 079230500, 076504954
  • Доколку производот е оштетен при транспорт,  е пристигнат со фабричка грешка или сте добиле погрешен производ, Muppetkids.com ги превзема трошоците за враќање или замена на производот. Штом го добиеме назад прозиводот ќе бидете известени дали Вашата рекламација е прифатена.
  • Доколку се врши замена, во предвид се зема моменталната вредност на производот кој се враќа.
  •  Можна е замена за друг производ или поголема/помала величина од истиот, доколку производот не одговара во величината.
  • Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, Muppet Kids  има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.