Прекрасен сет со најразлични видови боички на кои ниедно дете не би останало рамнодушно! Користењето на овој сет за цртање со табла овозможува децата да го развиваат своето креативно мислење и уметнички вештини. Тие можат да испробаат различни техники, стилови и комбинации на бои, што го подобрува нивното изразување и размислување.
Сите боички се складираат на едно место, што значи дека Вашето дете нема да ги губи или заборава а исто така се заштитени од оштетување или сушење. Кога се користат боичките, не постои потреба да се распакуваат бидејќи сите се достапни и подредени на едно место и нема губење време додека се најде одредена боичка.
Ги содржи сите видови на боички: дрвени боички, фломастери, акварел и истите се во најразлични бои. Таблата за цртање може да се постави во исправена положна со што се осигура стабилност и комфор при цртањето, а од особена важност е и поставеноста и држењето на вратот и рачето на детето додека црта.
Компактниот дизајн на сетот го прави лесен за носење и пренесување. Тоа значи дека можете да го земете со себе каде и да одите, бидејќи е удобен за пакување и носење во ранец, чанта или куфер.