ДЕТСКИ СЕТ ЗА ИСХРАНА
Направен од висококвалитетен силикон за храна, нашиот детски сет за исхрана е безбеден за бебиња и совршен за неуредниот мал човек во вашиот живот.
Овој сет има сè што Ви треба за Вие и Вашето дете да уживате во оброкот.
Лесен и практичен, тој ќе биде Вашиот прв избор за дома, но и за надвор. Сетот е 100% безбеден за користење во машина за миење садови, замрзнувач и микробранова печка.
Сега, можете да им кажете збогум на извалканата облека и платнените лигавчиња кои завршуваат во машината за перење после секој оброк. Овој комплет за хранење е совршен за малите деца кои учат да се хранат и им помага на децата да станат независни, без притоа да направат голем неред.
Овој сет е Вашиот нов најдобар пријател при хранење на Вашето бебе или дете.
Зошто да го одберете?
Безбедноста на прво место: Сетот производи е изработен од нетоксичен силикон и е безбеден за млади дечиња на кои им никнуваат заби. Производот е одобрен од Агенција за храна и Ветерина (АХВ) на Р. С. Македонија. Поседува EN71 сертификат за контрола на квалитет според регулативите на Европска Унија.
- БЕЗ ЛАТЕКС
- БЕЗ ФТАЛАТИ
- БЕЗ BPA
- БЕЗ PVC
Идеален сет за оброк без грижи: Нема повеќе дамки на облеката или храна истурена на подот! Силиконските лигавчиња се дизајнирани со особено длабоки џебови, кои ја “ловат” храната пред да заврши на несакано место.
Го прави чистењето лесно и брзо: Можете да го намалите времето на чистење на половина, благодарение на водоотпорните лигавчиња! Едноставно испразнете ја содржината, измијте го со сапун и вода или ставете го во машина за миење садови!
Расте заедно со Вашето дете: Иновативниот дизајн одговара на сите детски столчиња, додека прилагодливите копчиња го прават идеален за новороденчиња, доенчиња и мали деца.
Практичен за секоја пригода: Без оглед на тоа дали сакате да уживате во оброкот дома, на гости или пак на пикник, овој сет може секогаш да ви биде при рака. Материјалот е лесен, а неговата еластичност овозможува и лесно пакување, па со задоволство ќе го носите каде и да одите!
Идеален подарок: Интересен, корисен, но и забавен подарок за најмалите!
СПЕЦИФИКАЦИИ:
Материјал: Силикон
ПРОИЗВОДОТ ВКЛУЧУВА:
1 бебешко силиконско лигавче
1 силиконска чинија со вакуум
1 лажица