Политика за директен маркетинг
ВОВЕД
Оваа политика објаснува како Друштвото за трговија и услуги Muppet Kids може да ги користи вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.
ШТО Е ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ?
Директниот маркетинг ги опфаќа и сите оние активности кои се поврзани со непосредна продажба на производите на производителот до потрошувачот без користење на посредници, заради што може и да се нарече и маркетинг на директна продажба.
КАКО ГО КОРИСТИМЕ ДИРЕКТНИОТ МАРКЕТИНГ
Muppet Kids користи директен маркетинг преку е-маил, смс и Вибер. Доколку има потрба клиентот може и директно да не контактира на нашите телефонски броеви.
Muppet Kids спроведува политика на избор (opt-in) со која секој што сака да добие директен маркетинг од нас може да се регистрира на нашата веб страница https://muppetkids.com/
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА MUPPET KIDS
Покрај оваа политика за директен маркетинг, Мuppet Kids има донесено и објавено посебна Политика за приватност во која се наведени детални информации за тоа како ја штитиме вашата приватност и како ги чуваме вашите лични податоци безбедни.
КАКО MUPPET KIDS ПОСТАПУВА СО ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ
Muppet Kids постапува со личните податоци на транспарентен начин:
- Називот и деталите за компанијата се вклучени кога се праќаат маркетинг активности преку е-маил, смс и Вибер;
- На корисниците на веб страницата им е дадена јасна и лесно разбирлива политика за приватност и се информирани за нивните права како субјекти на лични податоци.
- Mupput ја гарантира безбедноста и точноста на збирката на личните податоци за директен маркетинг:
- Личните податоци се користат само за цели на директен маркетинг;
- Веродостојноста на збирката на лични податоци за директен маркетинг се проценува преку земање и проверка на случајни примероци;
- Се бришат сите ирелевантни или преобемни лични податоци;
- Вработените кои се овластени да обработуваат лични податоци за цели на директен маркетинг се обучени да ги почитуваат и имплементираат барањата од Законот за заштита на личните податоци; и
РАЗМЕНА НА ПОДАТОЦИ
- Muppet Kids не продава, разменува или споделува лични податоци и информации за своите клиенти со трети лица за цели на директен маркетинг, освен со обработувачите кога е потребно за да ги обезбедат услуги на цели на директен маркетинг.
КОНТАКТ
Сите прашања и барања во врска со обработката на личните податоци преку веб страницата www.muppetkids.com и во врска со оваа Политика, корисниците може да ги упатат до Офицерот за заштита на лични податоци Јана Кочинкси преку следниот контакт:
- Телефон: 075939732
- e-mail: janatrajkovskamk@gmail.com