Услови на користење
Почитувани клиенти, Ве молиме пред да започнете со користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Овие услови се применуваат на сите содржини и услуги на веб страната www.muppetkids.com. Користењето на нашата страна и услуги, значи дека сте запознаени со нашите Услови на користење и дека ги прифаќате истите. Доколку овие Услови се неприфатливи за вас, Ве молиме да не ја користите оваа веб страна, како и услугите понудени на неа.
Податоци за компанијата:
Назив: ДООЕЛ Мапет Кидс- Битола
Адреса: ул. Довлеџик 97, 7000 Битола
Контакт телефон: +389 72 217 775
Веб страна: www.muppetkids.com
Email: info@muppetkids.com
Шифра на дејност: 47. 91 Трговија на мало преку пошта и интернет
Даночен број: 4030004519907
Податоци за Офицер за заштита на лични податоци
Име и презиме: Јана Кочински
Kонтакт телефон: + 389 75 939 732
Е-маил адреса: janatrajkovskamk@gmail.com
Општи одредби
Muppet Kids ја управува страната www.muppetkids.com од своето седиште на ул. Довлеџик 97, 7000 Битола во согласност со законската регулатива на Република Северна Македонија. Од друга страна, Muppet Kids не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи.
Не е дозволено да се користи увоз или извоз, извоз на материјали или услуги на овој сајт во било која форма или адаптација, со што се врши кршење на важечките закони или други прописи. Доколку одлучите да пристапите на оваа веб страна надвор од Република Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони.
Muppet Kids има авторско право на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци, програмски код). Неовластеното користење на било кој дел на порталот, без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за кршење на авторските права и подлежи на законски мерки.
Muppet Kids може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки.
Материјали кои ги проследува корисникот (коментари и други содржини)
Личните податоци кои ги проследувате до веб страната www.muppetkids.com со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.
Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за маркетинг и комерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.
Сите информации во врска со трансакцијата на купувачите од онлајн продавницата на Muppet Kids, се сметаат за деловна тајна и се третираат согласно законските прописи на Република Македонија.
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Оваа Политика за приватност го утврдува начинот на кој Muppet Kids ги собира, користи, и обработува податоците од корисниците при посета на интернет страницата www.muppetkids.com и/или користење на услугата за веб продажба на Muppet Kids. Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.
При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при Вашата регистрација на интернет страницата и/или користење на услугата за on-line купување. Доколку преземате било кои од овие дејствија се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате.
Интернет страницата Muppet Kids ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
- вашето име и презиме
- адреса
- телефонски број
- адреса на е-пошта
При користење на услугата Контакт во Информации, Muppet Kids ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
- вашето име и презиме
- адреса на е-пошта
При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), Muppet Kids ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
- адреса на е-пошта
Податоците при Вашата регистрација на интернет страницата и при користење на услугата за on-line купување се собираат директно од Вас или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).
Веб страната www.muppetkids.com користи алатка „Колачиња“ (cookies) која врши собирање на следните податоци: името на пребарувачот, типот на компјутерот, како и информации за конекцијата што ја користите при посетата на интернет страната (оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP адреси). Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Ваша согласност и прифаќање на нашата алатка за „Колачиња“. Користењето на колачиња служи за да
- Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време при внесување на податоци на страната
- За техничко функционирање на веб страницата;
- За собирање на збирни и анонимни статистички податоци
Muppet Kids ги собира и обработува Вашите лични податоци за следните цели:
- Реализација на on-line нарачките ( навремена и точна испорака на саканите производи, известување за статусот на нарачката)
- За подобрување на квалитетот на нашите услуги и производи
- За контакт по пат на електронска пошта
Вашите лични податоци се употребуваат исклучиво за целта за која се собрани од страна на лица вработени од Контролорот согласно Законот за заштита на личните податоци. Обработката на овие податоци Muppet Kids ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Личните податоци при Ваша регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил може да бидат избришани со повлекување на Вашата согласност, т.е во моментот на бришење на Вашиот профил или доколку побарате може ние да го направиме тоа за Вас.
Muppet Kids има законска обврска да ги чува сите документи и записи со Вашите лични податоци кои се однесуваат на реализирани продажби и плаќања при чување на сметководствена документација согласно Законот за архивско работење.
Личните податоци при користење на услугата Контакт, Muppet Kids ги чува се до повлекување на Вашата согласност, освен доколку истите се дадени заради реализација на Ваши права во врска со купен производ, во кој случај ги чува податоците во рок од 1 (една) година.
При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), Muppet Kids и чува Вашите лични податоци, се до повлекување на Вашата согласност.
Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви испраќаме директни маркетинг соопштенија за нашите производи преку електронска пошта.
Директниот маркетинг се врши само доколку дадете Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за оваа цел. Доколку ја одберете опцијата „ Сакам да добивам новости на мојата е-маил адреса“ при регистрација на интернет страницата ќе добивате известувања и промоции од наша страна. Одбирањето на оваа опција не претставува услов за да се регистрирате како нов корисник.
Исто така, Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија. Тоа ќе го направите со кликнување на линкот во електронската порака “ За да се одјавите од овој newsletter, Ве молиме кликнете тука“.
Или може да не контактирате на следната е-маил адреса:
Во согласност со Законот за лични податоци, Вие ги имате следните права:
- Да се информирате од Muppet Kids околу начинот на обработка на личните податоци ( и дали истите се користат согласно целта за која се дадени)
- Да побарате од Muppet Kids да ги дополни, измени и/или ажурира Вашите податоци, ако тие се нецелосни, неточни или неажурирани,со поднесување на барање, а Muppet Kids да постапи по истото во рок од 15 дена.
- Да побарате од Muppet Kids да ја ограничи обработката на личните податоци означувајќи кои лични податоци ќе се чуваат
- Да побарате од Muppet Kids да ги избрише Вашите лични податоци, при што Muppet Kids треба да го исполни Вашето барање во рок од 30 дена, согласно Законот за заштита на личните податоци.
- Да поднесете барање со кое ќе ја повлечете согласноста дадена за цели за обработка на личните податоци.
- Да поднесете приговор до Muppet Kids за начинот на обработката на Вашите лични податоци
- Да се одјавите/откажете од обработка на Вашите лични податоци за цели за директен маркетинг.
За остварување на овие права, може да не контактирате на:
Назив и адреса на контролорот: Muppet Kids ул. Довлеџик бр.97, 7000 Битола, Република Северна Македонија
Е-маил адреса: info@muppetkids.com
Контакт телефон: +389 79 230 500
Или може да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци:
Име и презиме: Јана Кочински
Контакт телефон: +389 75 939 732
Е-маил адреса: janatrajkovskamk@gmail.com
Доколку имате приговор на начинот на обработка на Вашите податоци, имате право да се обратите и до:
Агенција за заштита на личните податоци, бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, Скопје https://www.dzlp.mk/
info@privacy.mk
Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци. Освен тоа, кога за потребите на испорака на нарачаните производи до купувачите ќе бидат ангажирани овластени субјекти за вршење на поштенски услуги, истите како обработувачи се обврзуваат да обезбедат заштита на личните податоци кои е потребно да бидат обработувани во процесот на давање на нивните услуги.
Веб страницата www.muppetkids.com не е наменета за лица под 14 години. Muppet Kids нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 14 години. Во случај лице под 14 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, треба веднаш да бидеме известени преку контактот наведен подолу.
Muppet Kids не врши пренос на лични податоци во трети држави.
Оваа Политика на приватност може да биде изменета од страна на Контролорот во било кое време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на интернет страницата, како и датумот на ажурирањето. Измените влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Со користење на нашата страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
Купување со доверба
На почетната страна поставено е главно мени каде што може да изберете разгледување на производите според категорија вид на производи: бебе машки, бебе девојчиња, момчиња, девојчиња. На горниот дел од страната постојат и дополнителни категории каде што се групирани сите производи достапни за порачување. Со кликнување на некоја од нив се отвора паѓачко мени со листа со секции на производи: шпикозни, фустанчиња, комплети и сл.
Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со достапни производи. Од левата страна се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според: категорија, големина, боја и сезона. Со кликнување на саканиот филтер, го вклучувате или исклучувате соодветниот филтер. Доколку сте ги пронашле производите што Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување на сликата. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот, типот на производ, намената, да пребарувате по клучен збор и сл.
Откако ќе го отворите саканиот производ, десно ќе ви се појави опис на истиот и можност да одберете големина, боја и количина. Со притискање на полето “ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА“ ќе се појави известување дека производот е во Вашата кошничка.
Содржина на кошничката
Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.
Нарачување на производи од кошничката
Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа кошничката да кликнете на копчето "КОН НАРАЧКА" за да го извршите плаќањето. Од вас ќе биде побарано или да се регистрирате или да ги внесите Вашите лични податоци без регистрирање (име, презиме, адреса, телефонски број).Кога сте подготвени да извршите купување потребно е да го одберете копчето “ПРОДОЛЖИ“ Потоа ќе ви се отвори страницата за завршување на купувањето (каде што може да одберете начин на плаќање) Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно може да кликните на полето "ВРАТИ СЕ ВО КОШНИЧКА".
Регистрација
Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на иконата ПРОФИЛ. ЌЕ ви се отвори страна со две опции, опција да се најавите со Вашиот емаил и лозинка, или да кликните на „Креирајте профил“, каде што потоа Ви се отварат полиња каде што потребно е да ги внесете Вашите податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на КРЕИРАЈ и на вашиот емаил ќе добиете известување дека Вашата регистрација е завршена и дека успешно го креиравте Вашиот профил.
Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил.
Согласноста за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг се дава при регистрацијата на веб страницата со избирање на опцијата „СОГЛАСЕН СУМ ДА ДОБИВАМ ИЗВЕСТУВАЊА ЗА ПРОИЗВОДИТЕ И ПРОМОТИВНИТЕ АКЦИИ ПРЕКУ Е-МАИЛ, СМС И ВИБЕР ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОЛИТИКАТА ЗА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ“ со што дадената согласност се однесува исклучиво за целите на директен маркетинг со испраќање на известувања и маркетинг материјали на е-меил адресата дадена од страна на давателот на согласноста, без притоа да се врзува ваквата согласност со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.
Секое лице кое дало согласност за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време,да ја повлече истата.
Личните податоците дадени при посета на веб страната, креирање профил, најава и регистрација, како и за маркетинг цели се чуваат до повлекување на согласноста, односно до спроведување на барање за бришење на податоци.
Плаќање
Плаќањето може да се изврши со VISA EC/MC или Maestro картичка или во готово. Плаќањето со картичка се врши преку CaSys International картичниот систем.Со избирањето на оваа опција привремено Ве пренасочуваме до безбедносниот сервер на банката, каде ќе ја направите трансакцијата.
Muppet Kids за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со Вашата сметка во банка.
Податоците од вашата картичка не ги гледаме, само од банката добиваме нотификација дека средствата се резервирани, а истите ги наплаќаме откога ќе ја потврдиме нарачката.
Доколку при купување сте одбрале "Плати на врата" како начин на плаќње, истото се прави во готово при прием на пратката.
Достава
Времето на испорака на производите е 2-3 работни дена. Доставата на производите кои не се на залиха е 2-6 седмици. Производите кои не се на залиха се посебно означени, Ве молиме контактирајте нė за да добиете попрецизна естимација за времетраењето на доставата за ваквите прозводи.
Доставата на производите е бесплатна за нарачки во вредност над 1500 денари. Ова не важи за производите во Мебел категорија. За нарачки под 1500 денари, доставата чини 120 денари и истата се врши на цела територија на Република Северна Македонија секој работен ден. Пред да се достави пратката доставувачот е должен да Ве исконтактира на дадениот телефон за да Ве извести за доставата и да се договорите за времето и местото.
РЕКЛАМАЦИИ
Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, Ве молиме проверете го производот и доколку производот не е во согласност со вашата нарачка, Ве молиме да не побарате телефонски на броeвите 079 230 500 , 076 504 954 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@muppetkids.com и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката.
Секој производ купен од нашата веб страна може да биде заменет во рок од 7 дена од денот на прием на пратката. Производот кој се враќа мора да биде во истата состојба како при прием на истиот, односно во неговото оригинално пакување, не користен или носен, со оригинални етикети. Во спротивно, истиот нема да може да биде заменет.
Доколку производот е оштетен при транспорт, е пристигнат со фабричка грешка или сте добиле погрешен производ, Muppetkids.com ги превзема трошоците за враќање или замена на производот. Штом го добиеме назад производот ќе бидете известени дали Вашата рекламација е прифатена.
Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.Исто така можна е замена за друг производ или поголема/помала величина од истиот, доколку производот не одговара во величината.
Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, Muppet Kids има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.
Промена на Политиката за приватност и Условите на користење
Muppet Kids го резервира правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Политиката за приватност и Условите на користење. Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени а со оглед дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено да проверувате дали таквите промени настанале.
СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ
Користењето на нашите услуги подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Се обврзуваме дека ќе се придржуваме до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница.
Овие Услови на користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република Северна Македонија.
Датум на објава на Услови на користење
05.01.2022