Пиши-бриши табла за цртање и пишување е привлечна играчка со слаток дизајн на мече, што ја прави привлечен избор за родителите кои бараат нешто различно и корисно за своите деца. Оваа табла за цртање е не само уникатна, туку и интерактивна играчка која може да им помогне на децата да уживаат и да се забавуваат. Исто така многу e практична и може да се користи каде и да е, бидејќи е мала и лесна за носење. Преку цртањето, децата може да го подобрат своето разбирање за форми, бои, простор и пропорции. Овој процес на учење ги стимулира критичкото размислување и креативно решавање на проблеми.
Изработена е од висококвалитетни материјали благодарение на кои нема валкање на рачињата, облеката или пак било кој дел од домот како што е инвертар или ѕидови, така што Вам како родител ќе ви претставува големо олеснување и детенцето ќе може да си игра самостојно.
Практична и економична! На неа може да се пишува и брише над 100000 пати што е еквивалентно на исто толку парчиња А4 хартија, што значи дека нема постојано да купувате нови листови за цртање, а и ќе го зачувате домот среден без листови хартија наоколу!
Има флексибилен LCD екран без сино светло зрачење и ги штити очите на Вашите деца кои нема да го тргнат погледот и ќе бидат воодушевени од нивната моќ самите да напишат или да нацртат нешто на таблата
Таблата содржи:
- површина каде што децата ќе цртаат
- батерија
- пенкало за пишување
- копче за бришење и чистење на таблата
Чистењето на оваа табла е многу лесно и едноставно со помош на само едно копче. Нема бришачи кои треба да се влечат, туку со притискање на само едно копче таблата е чиста и може повторно да се црта на неа!
На десната страна има посебно место за пенкалото за да не се изгуби и таблата да изгледа уредно . Ја има во 2 бои:
Содржи копче за да се превенира бришење по грешка. Кога ќе го притиснете ова копче и доколку Вашето дете по грешка го притисне копчето за бришење, содржината на таблата нема да се избрише