ДЕТСКИ СЕТ ЗА ИСХРАНА
Направен од висококвалитетен силикон за храна, нашиот детски сет за исхрана е безбеден за бебиња и совршен за неуредниот мал човек во Вашиот живот.
Овој сет има сè што Ви треба за Вие и Вашето дете да уживате во оброкот.
Лесен и практичен, тој ќе биде Вашиот прв избор за дома, но и за надвор. Сетот е 100% безбеден за користење во машина за миење садови, замрзнувач и микробранова печка.
Сега, можете да им кажете збогум на извалканата облека и платнените лигавчиња кои завршуваат во машината за перење после секој оброк. Овој комплет за хранење е совршен за малите деца кои учат да се хранат и им помага на децата да станат независни, без притоа да направат голем неред.
Овој сет е Вашиот нов најдобар пријател при хранење на Вашето бебе или дете.

Зошто да го одберете?
Безбедноста на прво место:
Сетот производи е изработен од нетоксичен силикон и е безбеден за млади дечиња на кои им никнуваат заби. Производот е одобрен од Агенција за храна и Ветерина (АХВ) на Р. С. Македонија. Поседува EN71 сертификат за контрола на квалитет според регулативите на Европска Унија.
- БЕЗ ЛАТЕКС
- БЕЗ ФТАЛАТИ
- БЕЗ BPA
- БЕЗ PVC
Практичен за секоја пригода:
Без оглед на тоа дали сакате да уживате во оброкот дома, на гости или пак на пикник, овој сет може секогаш да ви биде при рака. Материјалот е лесен, а неговата еластичност овозможува и лесно пакување, па со задоволство ќе го носите каде и да одите!
Идеален подарок:
Интересен, корисен, но и забавен подарок за најмалите!
Стабилност и превенција од излевање на храна:
Со вакуумот што го има на долниот дел од чинијата, истата останува цврсто на површината која е поставена и Вашето бебенце нема да може да ја истури храната која се наоѓа во неа.

СПЕЦИФИКАЦИИ:
Материјал: Силикон
ПРОИЗВОДОТ ВКЛУЧУВА:
1 силиконска чинија со вакуум
1 силиконска лажичка со дрвена рачка