2 во 1 магнетна табла е иновативна играчка која покрај игра и забава ќе развие и вештини кај Вашето дете. Има две страни - едната страна е наменета за цртање, а другата страна е наменета за игра сложувалка. Доколку бевте во потрага по интересна, а воедно и едукативна играчка, ова е идеалниот производ за Вас!
На таблата се црта со пенкало кое е дел од истата, а исто така содржи 3 печати во различни фигури. Изработена е од материјал така што тоа што се пишува може да се брише и повторно да се користи на ист начин, што ја прави еколошки пријатна алтернатива на хартијата и другите недолготрајни материјали.
Креирањето на различни фигури со сложувалката ги стимулира креативноста и визуелната перцепција на детето. Тоа треба да размислува и да се обидува да ги сложи парчињата на начин на кој ќе формира фигура. Ова го поттикнува развојот на креативно мислење и визуелна способност.
Исто така, таблата е компактна и лесна за носење, што значи дека децата можат да ја користат каде и да се наоѓаат.