Мини тротинет за деца на 3 тркалца кој им овозможува на дечињата да ги развиваат своите вештини во возењето и да се забавуваат. Тротинетот има прекрасен дизајн и бои со кои го привлекува детското внимание
Користењето на тротинетот ги поттикнува децата да бидат физички активни и да вежбаат, што ги ангажира мускулите на нозете и телото во целост. Ова им помага да ги развијат координацијата, рамнотежата и моторичките вештини
Има можност за регулирање на висината на рачките според висината на Вашето дете што го прават прилагодлив на различни возрасни групи, така што детето нема брзо да го одрасне, па да не може да го користи
Квалитетните материјали гарантираат дека тротинетот е издржлив и ќе трае долго време. Тоа значи дека може да издржи интензивна употреба на различни услови на возење без да се оштети. Материјалите гарантираат стабилност, отпорност и безбедност со што се избегнуваат несреќи или повреди при употреба на тротинетот
Рачките на тротинетот се изработени од мека гума која има способност да апсорбира вибрации и удари, што го чини возењето на тротинетот поудобно. Детските рачиња може да бидат особено осетливи на притисок и триење, па меката гума нуди додатна заштита и комфор на рачките. Тркалцата имаат LED светла кои се забележуваат навечер и допринесуваат за поголема возбуда и забава кај децата, а се од голема корист и за Вас како родител бидејќи Ви овозможуваат полесно да го следите Вашето дете
Подлогата - педала за ноџињата е дизајнирана да биде сигурна и да не се лизга, така што се гарантира стабилност при возењето! На задното тркало има кочница која е лесна за контролирање, а и предните тркалца се така дизајнирани да бидат лесни за управување
Достапен е во 3 бои:
- портокалова
- розова
- зелена